Мојот сакан Пејгамбер

ВОВЕДНО СЛОВО

Фалбата нека му е на Аллах теала, кој го создаде секое живо суштество, кој сѐ што постои во секој миг го одржува во постоење и сѐ го чува од страв и ужас. Нека се нашиот салават (дова) и селам врз Неговиот сакан Пејгамбер, Мухаммед алејхиселам, најубавиот, најдобриот и во секој поглед највисокиот меѓу луѓето, врз неговото семејство (Ал), што шири знаење, мудрост и убав ахлак, и врз неговата родбина, како и врз сите негови асхаби1 (радијаллаху теала анхум / Аллах теала нека е задоволен од нив), кои беа почестени да го гледаат неговото убаво лице, лек за душите, и да ги слушаат неговите корисни зборови, па така станаа највредни од сите луѓе, и врз оние што одат по нивните стапки.

Аллах теала на овој свет, од милосрдие кон сите луѓе, го создава и го испраќа она што им е од корист. А на ахиретот Тој2, од Својата добрина, ќе им прости и на верниците што би требало да одат во џехенемот (пеколот) и ќе ги внесе во џенетот (рајот). Мухаммед алејхиселам е неби3, ресул и хабиб (миленик) на Аллах теала, сејид (предводник) на синовите Адемови. Оние што поверуваа во таков чесен Пејгамбер и тргнаа по неговиот пат, секако станаа најдобри меѓу уметите.

Џенаб-и Хак, со Својата милост, нѐ направи негов умет и со тоа нѐ удостои со најголемата од Своите благодати.4 Тој јасно објави дека него треба да го следиме и нему да му се покоруваме. Колку и да Му благодариме на нашиот Господар за оваа огромна благодат, малку е. Аллах теала, пред да создаде што и да е, го создаде благословениот нур на Сервер-и алем (саллаллаху алејхи ве селлем). Во Чесниот Кур’ан, во обраќањето кон Пејгамберот, е речено: „Ние те испративме како милост на световите.“ А во хадис-и кудси5 е речено: „Да не беше ти, да не беше ти, немаше да ги создадам созданијата.“

Основниот услов на иманот е „хубб-и филлах ве бугд-и филлах“, односно да се сакаат пријателите на Аллах теала, а да не се сакаат Неговите непријатели. Додека го нема тоа, ниеден ибадет не се прима, туку му се фрла в лице на оној што го прави. Затоа ни стана фарз да го сакаме „Предводникот на световите“ и ни е наредено благословената љубов кон него да ја сместиме во своето срце и да се украсиме со неговиот убав ахлак. За таа љубов да не згасне, со векови се пишуваат книги што го опишуваат благословениот живот на Пејгамберот; се пишуваат и денес. Поточно речено, со неговото благословено име се стекнува берекет. И ние, за да имаме удел во тој берекет и за љубовта кон него да ги исполни и да ги прелее нашите срца, ви препорачуваме да го прочитате благословениот живот на Султанот на вселената, Ресулуллах, приреден по долго проучување на книгите на учените на Ехли сунет. Нека Аллах теала биде задоволен од сите што вложија труд во тоа. Нека Џенаб-и Хак ги исполни срцата на сите нас со љубов кон Пејгамберот и нека нѐ држи на вистинскиот пат што го покажаа учените на Ехли сунет! Амин.

Dr. Enver Ören

Кааба-и муаззама и Месџидул Харам Мека-и мукерреме