
Бесплатно прочитајте и споделете го на 70 јазици возвишениот и благословен живот на нашиот сакан Пејгамбер Мухаммед (алејхиселам).

Ова драгоцено дело е плод на повеќегодишно педантно истражување на широк тим научници. Во дваесетте години од првиот превод до денес, тоа е збогатено со карти и историски илустрации.
Неговата најдлабока цел оди подалеку од раскажувањето за благородниот живот на нашиот многу сакан и многу почитуван Пејгамбер Мухаммед (алејхиселам). Од срце се надеваме дека овие страници ќе всадат во срцето на секој читател, макар и најмало зрно љубов кон него.