ХРОНОЛОГИЈА
Забелешка: (б) – годините од бисетот, (м) – годините од новата ера, (х) – годините по хиџрата.
м. 570 Бракот на хазрети Абдуллах и хазрети Амина. Преминувањето на благословениот нур на нашиот сакан Пејгамбер на неговата мајка (џемазиул-евел / јули). Годината на изобилството. Смртта на хазрети Абдуллах, таткото на Ресулуллах (реџеп / септември).
571 Настанот со слонот (мухарем / февруари). Раѓањето на Султанот на вселената Мухаммед алејхиселам (12 ребиул-евел, понеделник / 20 април; 53 (според сончевото сметање 51) години пред хиџрата, 55 дена по Настанот со слонот). Неговото предавање на доилката Халима (ребиул-ахир).
573 Раѓањето на хазрети Ебу Бекр (радијаллаху анху).
576 Доилката го носи во Мека и ѝ го предава на неговата мајка Амина.
577 Смртта на Амина, мајката на нашиот сакан Пејгамбер, во Ебва. Уму Ејмен го предава Ресулуллах во Мека на неговиот дедо Абдулмуталиб. Раѓањето на хазрети Осман (радијаллаху анху).
579 Смртта на неговиот дедо Абдулмуталиб и неговото доверување на чичко му Ебу Талиб.
583 Тргнувањето со чичко му Ебу Талиб и со трговскиот караван за Шам и враќањето од Бусра. Раѓањето на хазрети Омер (радијаллаху анху).
588 Одењето во Јемен со чичко му Зубејр.
591 Патувањето во Шам со хазрети Ебу Бекр. Ресулуллах се приклучува кон сојузот Хилфул-фудул.
595 Одењето во градот Бусра со трговскиот караван на хазрети Хатиџа.
596 Бракот со хазрети Хатиџа.
599 Раѓањето на хазрети Алија (радијаллаху анху).
600 Говорот на Кус ибн Саида на панаѓурот Указ, во кој дава радосна вест за пејгамберството на Ресулуллах.
605 При обновувањето на Кааба тој е судија во спорот за поставувањето на Хаџер-и есвед на своето место.
б.1/610 Бисетот: на четириесет години му е објавено пејгамберството (17 рамазан, понеделник). Првиот вахј во пештерата на планината Хира (на Џебел-и Нур) (спуштањето на првите пет ајети од сурата Алак) (рамазан / август).
2/611 Откако вахјот беше прекинат извесно време, Пејгамберот често оди во пештерата на планината Хира со желба да го види Џибрил алејхиселам. Исрафил алејхиселам доаѓа и го поучува за некои работи.
3/612 Првите муслимани: хазрети Хатиџа, Ебу Бекр Сидик, Алија ибн Ебу Талиб, Зејд ибн Хариса (и неговата жена Уму Ејмен), Осман ибн Афан, Талха ибн Убејдуллах, Зубејр ибн Авам, Абдурахман ибн Авф, Са’д ибн Ебу Векас.
4/613 Ресулуллах го повикува човештвото во исламот, почнувајќи од своите блиски роднини. Мушриците почнуваат да ги малтретираат и да ги мачат муслиманите. Првите шехиди: хазрети Јасир, неговиот син хазрети Абдуллах и неговата жена хазрети Сумеја. Раѓањето на хазрети Аиша (радијаллаху анха).
5/614 Првата хиџра во Абисинија (реџеп / мај). Враќањето на мухаџирите од Абисинија во Мека (шевал / јули).
6/615 Хазрети Хамза станува муслиман. Хазрети Омер станува муслиман. Втората хиџра во Абисинија. Ресулуллах и муслиманите излегуваат од Дарул-Еркам.
7/616 Почетокот на опсадата (мухарем).
8/617 Враќањето на хазрети Осман и неговата сопруга хазрети Рукаја од Абисинија.
9/618 Муџизата Шаккул-камер: на знакот на Ресулуллах месечината се расцепува на два дела.
10/619 Укинувањето на опсадата.
10/620 Смртта на Ебу Талиб (7 рамазан / април). Смртта на нашата мајка хазрети Хатиџа (10 рамазан / април). Бракот на Ресулуллах со хазрети Севда бинт Зема (рамазан / мај). Одењето на Ресулуллах во Таиф со Зејд ибн Хариса (шевал / мај). Џиновите од Нусајбин го примаат исламот. Враќањето на Ресулуллах од Таиф во Мека (23 зулкаде). Средбата на Акаба (10 зулхиџе / 17 јули).
11/621 Муџизата Мираџ и петте дневни намази стануваат фарз (27 реџеп). Џибрил алејхиселам два дена му е имам на Ресулуллах покрај вратата на Кааба-и шериф. [За времето на Мираџот има и други преданија. Мираџот се случи многупати. Едниот од нив беше во будна состојба и со неговото благословено тело. Другите беа само со неговата благословена душа.]
Склучувањето на никахот на Ресулуллах со хазрети Аиша (шевал). Првиот бејат на Акаба (10 зулхиџе / 6 јули, понеделник). Ресулуллах го испраќа Мус’аб ибн Умејр во Медина за да го поучува исламот.
12/622 Сенетус-сурур (годината на радоста): поголемиот дел од жителите на Медина го примаат исламот. Вториот бејат на Акаба (12 зулхиџе / 28 јуни, понеделник).
13/1/622 13-тата година од бисетот, 1-вата година по хиџрата, 622-рата година од новата ера. Хиџретската година: почетокот на хиџретското месечево сметање на годините кај муслиманите (1 мухарем / 16 јули). Сенетул-изин: на муслиманите им се дозволува да направат хиџра од Мека во Медина. Мушриците се собираат во Дарун-Недва и одлучуваат да го убијат Ресулуллах (25 сафер / 8 септември). Хиџрата: Ресулуллах тргнува со хазрети Ебу Бекр кон пештерата Севр (26 сафер, четврток / 9 септември). Тргнувањето од пештерата на планината Севр кон Медина (1 ребиул-евел, понеделник / 13 септември). Пристигнувањето во селото Куба (8 ребиул-евел, понеделник / 20 септември). Изградбата на џамијата Куба (8–11 ребиул-евел / 20–23 септември). Ресулуллах го предводи првиот џума-намаз на намазгахот во долината Ранона, меѓу Куба и Медина (12 ребиул-евел, петок / 24 септември). Пристигнувањето во Медина (12 ребиул-евел, петок / 24 септември). Гостувањето во куќата на Ебу Ејуб Енсари. Почетокот на изградбата на Месџидун Небеви (ребиул-евел / септември). Доаѓањето на членовите на семејството во Медина. Езан-и Мухаммеди почнува да се учи пет пати дневно. Селман Фариси станува муслиман.
х.1/623 Воспоставувањето братство меѓу мухаџирите и енсарите. Првиот пишан договор: Мединската повелба и одредувањето на мединската долина како харем (свето подрачје) (рамазан / март). Дозволата за борба. Првата серија: серијата (воен одред) на хазрети Хамза кон Ис / Сифул-Бахр (рамазан / март). Завршувањето на изградбата на Месџидун Небеви (шевал / април). Основањето на Суфа во Месџидун Небеви. Отворањето на чаршијата и пазарот во Медина. Првиот попис на муслиманите. Походот на Убејда ибн Харис кон Рабиг (шевал / април).
Серијата на Са’д ибн Ебу Векас кон Харар (зулкаде / мај). Смртта на Ес’ад ибн Зурара, Бера ибн Марур и Кулсум ибн Хидм. Смртта на Осман ибн Мазун и одредувањето на Џенетул-Баки за гробишта (зулхиџе / јуни).
2/623 Ресулуллах за прв пат држи ораза на денот ашура (10 мухарем / 14 јули). Првата газа (воен поход): газата Ебва (Ведан) (12 сафер / 15 август). Газата Буват (1 ребиул-евел / 2 септември). Првата газа Бедр / Сафван (ребиул-евел / септември). Газата Зул-Ушејра (1 џемазиул-евел / 31 октомври).
2/624 Серијата на Абдуллах ибн Џахш кон Батн-и Нахла (20 реџеп / 17 јануари). Склучувањето на никахот на хазрети Алија и хазрети Фатима (реџеп / јануари). Свртувањето на киблата од Месџидул Акса кон Месџидул Харам / Кааба (11 шабан, вторник / 7 февруари). Оразата станува фарз (шабан / февруари). Почетокот на клањањето на теравих-намазот (1 рамазан / 26 февруари). Уште 33 асхаби од Абисинија се враќаат во Мека пред Бедр. Од нив 2 се преселија на ахиретот во Мека-и мукерреме, 7 ги затворија мушриците, а 24 стигнаа во Медина-и муневвере и учествуваа во газата Бедр. Газата Бедр (12 рамазан / 13 март). Убивањето на Ебу Џехл. Смртта на хазрети Рукаја, ќерката на Ресулуллах (рамазан / март). Зекатот станува фарз (рамазан / март). Наредувањето на садака-и фитр (фитрата) (рамазан / март). Првиот Рамазански бајрам и клањањето на бајрам-намазот (1 шевал / 27 март). Бракот на Ресулуллах со хазрети Аиша (шевал / април). Нападот врз хазрети Зејнеб додека доаѓаше од Мека во Медина (почетокот на шевал / март). Газата Каркаратул-Кудр (5 шевал / 31 март). Газата Бени Кајнука (15 шевал / 10 април). Газата Севик (5 зулхиџе / 29 мај). Бракот на хазрети Алија и хазрети Фатима (зулхиџе / мај). Дочекувањето на првиот Курбан-бајрам (10 зулхиџе / 3 јуни).
3/624 Убивањето на Ка’б ибн Ешреф (4 ребиул-евел / 25 август). Газата Енмар (Гатафан, Зи Емр) (12 ребиул-евел / 2 септември). Газата Бахран (Неџран) (6 џемазиул-евел / 25 октомври). Бракот на хазрети Осман со хазрети Уму Гулсум (џемазиул-ахир).
3/625 Бракот на Ресулуллах со хазрети Хафса (шабан / јануари). Раѓањето на хазрети Хасан (15 рамазан / 1 март).
Газата Ухуд (7 шевал, сабота / 23 март). Газата Хамраул-Есед (16 шевал / 1 април).
4/625 Абдуллах ибн Унејс го убива Халид ибн Суфјан (5 мухарем / 17 јуни). Настанот кај Реџи (сафер / јули). Настанот кај Бир-и Мауна (19 сафер / 31 јули). Газата Бени Надир (ребиул-евел / август). Опојниот пијалак делумно станува харам (ребиул-евел / август–септември). Смртта на Абдуллах, синот на хазрети Осман и хазрети Рукаја (џемазиул-евел / октомври). Смртта на Ебу Селема (23 џемазиул-ахир / 30 ноември).
4/626 Раѓањето на хазрети Хусејн (5 шабан / 10 јануари). Бракот на Ресулуллах со хазрети Зејнеб бинт Хузејма (рамазан). Бракот на Ресулуллах со хазрети Уму Селема (крајот на месецот шевал / почетокот на април). Смртта на Фатима бинт Есед. Малата газа Бедр (1 зулкаде / 4 април).
5/626 Газата Затур-Рика (10 мухарем / 11 јуни). Газата Думетул-Џендел (25 ребиул-евел / 24 август). Смртта на нашата мајка хазрети Зејнеб бинт Хузејма (ребиул-ахир / септември). Доаѓањето во Медина на делегацијата на Бени Музејна, која го прими исламот (реџеп / декември). Газата Мурејси (Бени Мусталик) (2 шабан / 27 декември). Клеветата против хазрети Аиша. Спуштањето на ајетот за тејемумот.
5/627 Бракот на Ресулуллах со хазрети Џувејрија бинт Харис (шабан). Газата Хендек (Ахзаб) (шевал / март). Газата Бени Курејза (23 зулкаде / 15 април). Бракот на Ресулуллах со хазрети Зејнеб бинт Џахш (1 зулкаде / 24 март). Бракот на Ресулуллах со хазрети Рејхана бинт Амр (зулхиџе / април–мај).
6/627 Серијата на Мухаммед ибн Меслема кон Курта (10 мухарем / 1 јуни). Серијата на хазрети Алија кон Бени Са’д ибн Федек. Газата Габе (Зи Карад) (2 ребиул-евел / 22 јули). Серијата кон Гамра (ребиул-евел). Серијата на Мухаммед ибн Меслема кон Зул-Каса (ребиул-евел). Серијата на Ебу Убејда ибн Џерах кон Зул-Каса (ребиул-ахир / септември). Серијата на Зејд ибн Хариса кон Џемум (ребиул-ахир).
Газата Бени Лихјан (1 џемазиул-евел / 18 септември). Извидничката серија на Зејд ибн Хариса кон Ис (џемазиул-евел). Ебул-Ас станува муслиман. Серијата на Зејд ибн Хариса кон Тараф (џемазиул-ахир / октомври–ноември). Серијата на Зејд ибн Хариса кон Вадил-Кура (реџеп / ноември–декември). Походот на Зејд ибн Хариса кон Шам / трговскиот караван (реџеп). Серијата на Абдурахман ибн Авф кон Думетул-Џендел (шабан / декември). Серијата на Зејд ибн Хариса кон Медјен (шабан / декември). Серијата на хазрети Алија кон Федек (шабан / декември).
6/628 Серијата на Зејд ибн Хариса кон Уму Кирфа (рамазан / јануари). Сушата во Медина / излегувањето на дова за дожд (рамазан). Серијата на Абдуллах ибн Атик кон Ебу Рафи (рамазан / јануари). Извидничката серија на Абдуллах ибн Реваха кон Хајбер (рамазан / февруари). Серијата на Абдуллах ибн Реваха кон Усејр ибн Зарим (шевал / февруари). Серијата на Курз ибн Џабир Фихри (зулкаде / март). Патувањето за умра (2 зулкаде / 14 март). Бејат-и Ридван (зулкаде / март–април). Худејбискиот договор (зулхиџе / април). Спуштањето на сурата Фетх. Делегациите на Бени Хузаа, Бени Еслем и Бени Хушени доаѓаат во Медина и стануваат муслимани. Опојниот пијалак конечно станува харам. Ресулуллах дозволува трки со камили и со коњи.
6, 7/628 Ресулуллах испраќа писма со повик во исламот (последните денови од месецот зулхиџе – почетокот на месецот мухарем / мај).
7/628 Серијата на Зејд ибн Хариса кон Хисма (џемазиул-ахир). Абисинскиот Неџаши Асхама станува муслиман. Склучувањето на никахот со хазрети Уму Хабиба. Египетскиот Мукавкис ја испраќа Марија кај Ресулуллах. Смртта на Уму Руман (радијаллаху анха), мајката на нашата мајка хазрети Аиша. Ебул-Ас станува муслиман и повторно склучува брак со Зејнеб, ќерката на Ресулуллах (мухарем / мај). Газата Хајбер (крајот на мухарем – сафер / јуни). Обидот на Зејнеб бинт Харис да го отруе Ресулуллах. Во Медина се враќаат и преостанатите асхаби што беа направиле хиџра во Абисинија (сафер). Ешариите доаѓаат во Медина и се удостојуваат да бидат од Есхаб-и кирам.
Лејле-и Тарис: Ресулуллах и неговите асхаби заспиваат и не стануваат за сабах-намазот. Бракот на Ресулуллах со хазрети Уму Хабиба. Смртта на Сувејба, доилката на Ресулуллах. Јеменскиот владетел Базан станува муслиман (џемазиул-евел / септември). Муџизата на враќањето на сонцето од хоризонтот за хазрети Алија да го клања икиндија-намазот. Газата Вадил-Кура (џемазиул-ахир / октомври). Бракот на Ресулуллах со хазрети Сафија бинт Хујеј. Серијата на хазрети Омер кон Турабе (шабан / декември). Серијата на хазрети Ебу Бекр кон Неџд (шабан / декември). Серијата на Бешир ибн Са’д Енсари кон Федек / Мура (шабан / декември).
7/629 Серијата на Галиб ибн Абдуллах Лејси кон Мејфаа (рамазан / јануари). Серијата на Бешир ибн Са’д Енсари кон Џинаб (шевал / февруари). Патувањето за Умретул-каза (зулкаде – зулхиџе / март). Бракот на Ресулуллах со Мејмуна бинт Харис (зулкаде / март).
8/629 Смртта на хазрети Зејнеб, ќерката на Ресулуллах (сафер). Халид ибн Велид, Амр ибн Ас и Осман ибн Талха стануваат муслимани (сафер). Серијата на Галиб ибн Абдуллах кон Кудејд (сафер / јуни). Серијата на Галиб ибн Абдуллах кон Федек (сафер / јуни). Битката кај Мута (џемазиул-евел / септември). Серијата на Амр ибн Ас кон Затус-Селасил (џемазиул-ахир / октомври). Обидот на Ебу Суфјан да склучи мир, откако Курејшиите го прекршија Худејбискиот договор.
8/630 Ресулуллах тргнува за освојувањето на Мека (10 рамазан / 1 јануари). Освојувањето на Мека (20 рамазан, четврток / 11 јануари). Ресулуллах го посетува гробот на својата мајка хазрети Амина во Ебва. Урнувањето на идолите. Газата Хунејн (11 шевал / 1 февруари). Средбата на Ресулуллах со неговата млечна сестра Шејма. Газата Таиф (шевал / февруари). Ресулуллах во Џирана го дели пленот од Хунејн (5–18 зулкаде / 24 февруари – 9 март). Ресулуллах прави умра (19 зулкаде / 10 март). Во Месџидун Небеви се прави минбер со три скалила. Раѓањето на Ибрахим, синот на Ресулуллах (зулхиџе).
9/630 Ресулуллах испраќа собирачи на зекатот кај некои племиња (мухарем / април–мај). Серијата на Ујејна ибн Хисн Фезари (мухарем). Газата Тебук (реџеп / октомври). Серијата на Халид ибн Велид кон Думетул-Џендел (реџеп). Ресулуллах наредува да се урне Месџид-и Дирар, што им припаѓаше на мунафиците. Смртта на абисинскиот владетел, Неџаши Асхама (реџеп / октомври). Серијата на хазрети Ебу Бекр кон Ремл (шабан). Смртта на хазрети Уму Гулсум, ќерката на Ресулуллах (шабан). Ресулуллах по втор пат му испраќа на Ираклиј писмо со повик во исламот. Сенетул-вуфуд (годината на делегациите). Ка’б ибн Зухејр станува муслиман и Ресулуллах му ја подарува својата хирка.
9/631 Умирањето на Абдуллах ибн Убеј, поглаварот на мунафиците (зулкаде). Хаџот станува фарз. Хазрети Ебу Бекр е поставен за емир на хаџот (зулкаде – зулхиџе / февруари–март). И хазрети Алија е испратен во Мека за да го соопшти почетокот на сурата Бераа (зулхиџе / март).
10/631 Серијата на Халид ибн Велид кон Бени Харис (ребиул-евел / јуни). Серијата на хазрети Алија кон Јемен / Мезхиџ (рамазан / декември). Смртта на јеменскиот управител Базан. Фируз, синот на сестрата на Неџаши, станува муслиман. Мусејлеметул-Кезаб тврди дека е пејгамбер.
10/632 Смртта на Ибрахим, синот на Ресулуллах. Прошталниот хаџ: Ресулуллах тргнува од Медина на хаџ (25 зулкаде / 22 февруари). Ресулуллах ја држи Прошталната хутба (9 зулхиџе / 7 март). Прошталниот таваф (14 зулхиџе / 12 март, четврток). Смртта на хазрети Рејхана бинт Амр.
11/632 Џибрил алејхиселам му го проучува на Ресулуллах Чесниот Кур’ан во целост двапати. Усама ибн Зејд е поставен за заповедник на војската што треба да тргне за Шам. Ресулуллах почнува да го боли главата (26 сафер / 24 мај, недела). Треската на Ресулуллах се засилува, почнува болеста треска (хумма) (27 сафер / 25 мај, понеделник). Убивањето на Есвед Анси, кој тврдеше дека е пејгамбер (8 ребиул-евел / 4 јуни, четврток). Ресулуллах го поставува хазрети Ебу Бекр за имам (8 ребиул-евел / 4 јуни, јација-намаз).
Ресулуллах го клања својот последен намаз следејќи го хазрети Ебу Бекр Сидик (12 ребиул-евел, понеделник, сабах-намаз). Преселувањето на Ресулуллах на ахиретот (12 ребиул-евел / 8 јуни, понеделник, пред пладне). Хазрети Ебу Бекр е избран за халифа (12 ребиул-евел / 8 јуни, понеделник). Ресулуллах е погребан на полноќ во ноќта што го поврзува вторникот со средата (ноќта спроти средата). Усама ибн Зејд е испратен против муртедите (16 ребиул-евел / 12 јуни, петок). Усама ибн Зејд се враќа со победа (26 ребиул-ахир / 22 јули, вторник).
ШТО СУМ ЈАС И ШТО ИМАМ?
Во оваа градина за мене нема ни роза ни лале,
на овој пазар нема ни трговија ни пари,
нема ни моќ, ни располагање, ни имот, ни сопственост,
нема ни болка, ни сладост, ни мелем, ни рана,
на овој свет да знаев: што сум јас и што имам?
Постоењето – божествена благост, животот – милост на Дарежливиот!
устата – дар на Милостивиот, говорот – добрина на Предвечниот!
телото – градба на Аллах, душата – здив на почитта,
силата – дар на Неговата моќ, сетилата – поставени од Мудриот,
на овој свет да знаев: што сум јас и што имам?
На овој свет навистина јас немам ништо свое,
што и да постои, сѐ е Негово, во Неговата власт ортак нема.
Доаѓањето на светот и заминувањето не се во мои раце,
немам потврда на која би се потпрел за да речам „ова е мое“,
на овој свет да знаев: што сум јас и што имам?
Моето постоење е само привид, мојата душа е аманет,
дури и да речам „јас“ пред Него – тоа е многу грд ширк,
должноста што паѓа врз робот е покорност кон Сопственикот,
тоа што ми вели (робу Мој!) е благост и наклоност,
на овој свет да знаев: што сум јас и што имам?
Јас сум сиромав и потребен, богатството и дарот се на Хак,
(небитието) е мојот капитал, постоењето и животот се на Хак.
И предвечноста и вечноста, и гневот и надмоќта се на Хак,
на овој и на оној свет сѐ што се гледа е на Хак.
На овој свет да знаев: што сум јас и што имам?
Јадењето, пиењето, насладите – од Неговото својство Разак1,
да здивнам спокојно – тоа е од милоста на Аллах,
и секое добро што доаѓа е од Неговата дарежливост,
и најголемата благодат, (иманот), секогаш е од Него,
на овој свет да знаев: што сум јас и што имам?
Ако не е судено, нафаката не ми доаѓа ни од небото ни од земјата,
ни од тревата ни од месото, накратко – од ничија рака.
Доаѓа она што е одредено, иако не ми е ни на ум,
нафаката не доаѓа ни повеќе ни помалку од одреденото,
на овој свет да знаев: што сум јас и што имам?
Не можам црната ноќ да ја сторам ден, ни денот вечер,
ни снегот и водата оган, ни среброто волфрам.
Не можам земјината топка да ја запрам и да ја растурам,
ни зимскиот снежен облак да го сторам априлски облак,
на овој свет да знаев: што сум јас и што имам?
Додека бев во небитието, мојот Господар ме одбра во еден миг,
храната веднаш ми ја подготви уште во утробата на мајка ми.
Им нареди на мелеките и ги стави во моја служба,
ме изведе на светот и ме стори превез за Себе,
на овој свет да знаев: што сум јас и што имам?
