Мојот сакан Пејгамбер

Дова за дожд

Во шестата година по хиџрата настана страшна суша, од небото не падна ни капка. Поради тоа на земјата не растеше трева, а луѓето и животните паднаа во маки од глад. Еден петок во благословениот месец рамазан му ја искажаа на нашиот сакан Пејгамбер својата желба: „Ја Ресулаллах! Кога би упатиле дова, Аллах теала да ни подари дожд!…“ Пејгамберот со своите асхаби излезе во полето и, без да се прочита езан и без икамет, клања два реката намаз. Пејгамберот ја преврте својата благословена наметка и изговори текбир. Потоа ги крена своите благословени раце толку што меѓу ракавите се видоа неговите благословени пазуви и почна да упатува дова: „Аллаху мој! Подари ни дожд!…“ Есхаб-и кирам велеа: „Амин! Амин!“ Во тој миг небото беше сосема ведро, без ниту еден облак. Додека Ресул-и екрем упатуваше дова, почна да дува ветер и се виде како облаците го покриваат небото. Потоа почна да роси ситен дожд. Предводникот на световите тогаш упати дова: „Аллаху мој! Пушти го овој дожд како од кофа и направи го добар за нас!“ Во тој миг дождот почна да лее како од кофа. На облеката на Пејгамберот и на Есхаб-и кирам не остана суво место. Додека да стигнат до домовите, водата сѐ наоколу го претвори во езера. Секој одеше газејќи низ водата. Дождот не престануваше. Тој ден, следниот ден… И следниот ден… Во времето на следната џума Есхаб-и кирам рекоа: „Ја Ресулаллах! Куќите почнаа да ни се рушат од дождовницата, а добитокот да се дави. Кога би Му упатиле дова на Аллах теала, дождот да престане!…“ Нашиот сакан Пејгамбер се насмевна, ги крена своите благословени раце и упати дова:

„Господаре мој! Испрати го овој дожд на нивите, на местата каде што растат дрвја и во долините!“ Во тој миг дождот, што врнеше една недела, престана, а местата за кои беше упатена довата почнаа да се натопуваат.

Световите потонаа во нур
Во ноќта кога се роди Мухаммед,
Верникот од мунафикот се одвои
Во ноќта кога се роди Мухаммед.
Од небото на земјата нур се истури,
Седумтемина и Четириесетте се придружија,
На калуѓерот јазикот му се врза
Во ноќта кога се роди Мухаммед.

„Денес (во газата Габе) најдобриот од нашите коњаници е Ебу Катада, а најдобриот од нашите пешаци е Селема ибн Еква“ Хадис-и шериф