Настанот на Лејле-и Тарис
Враќајќи се од газата Хајбер, застанаа да се одморат во местото Тарис. Таа ноќ Ресулуллах го повика хазрети Билал и рече: „О Билале! Оваа ноќ немој да спиеш! Внимавај на зората и разбуди нѐ за намаз.“ Потоа Ресулуллах легна да спие заедно со асхабите. Хазрети Билал клања намаз некое време. Го сврте лицето кон исток и го потпре грбот на својот товар. Додека го чекаше времето на намазот, заспа. Беа толку уморни што никој не ги отвори очите додека сончевите зраци не ја стоплија земјата и не им удрија в лице. Пред сите се разбуди Ресулуллах. Накратко, станаа и зедоа абдест. Хазрети Билал проучи икамет и сабах-намазот го клањаа во џемат како каза-намаз. Кога намазот заврши, Ресулуллах (саллаллаху алејхи ве селлем) рече: „Ако некој го заборави својот намаз, нека го клања веднаш штом ќе се сети. Зашто Хак теала рече: ‚Екимис-салате ли зикри (клањај го намазот за да Ме спомнуваш и да се сеќаваш на Мојата големина)‘.“
Враќањето на сонцето заради хазрети Алија
Враќајќи се од газата Хајбер, Ресулуллах (саллаллаху алејхи ве селлем) се одмораше во Сехба. Својата благословена глава ја беше положил на коленото на хазрети Алија (радијаллаху анху). Тогаш почна да доаѓа вахј. Сонцето беше на хоризонтот. Хазрети Алија (радијаллаху анху) сѐ уште не го беше клањал икиндија-намазот. Кога вахјот заврши, сонцето зајде. Ресулуллах (саллаллаху алејхи ве селлем) упати дова: „Господаре мој! Ако Алија (радијаллаху анху) е на Твоја страна и на страната на Твојот Ресул, врати го сонцето.“ Откако хазрети Алија го клања намазот, сонцето повторно зајде. Есма бинт Умејс вели: „Видов дека сонцето, иако беше зајдено, повторно излезе и ја осветли земјата.“
Газата Вадил-Кура
Оваа газа се одигра во месецот џемазиул-ахир кај Вадил-Кура. Евреите од тој крај, кога слушнаа дека Ресулуллах со исламската војска дошол во Вадил-Кура, со помош на една група арапски мушрици се подготвија за борба. Излегоа од своите места и се наредија во борбен поредок. И Пејгамберот алејхиселам ја нареди војската во борбен поредок и му го даде знамето на еден од асхабите. Ги повика кафирите во исламот и рече: „Ако примите иман, ќе ги спасите своите животи и својот имот.“ Тие не го прифатија советот. Еден од мушриците излезе на мејданот и побара двобој. Зубејр ибн Авам (радијаллаху анху) го уби. Друг излезе пред хазрети Алија. Благородниот имам за миг го испрати тој кафир во огнот на џехенемот. Дојде уште еден. И него го уби. Ебу Дуџана (радијаллаху анху) уби двајца Евреи. Тој ден беа убиени петнаесет кафири. Кога падна ноќта, секој отиде на своето место. Наутро двете страни повторно ги извадија мечевите од ножниците и се подготвија за борба. Кога сонцето се крена колку едно копје, кафирите ги опфати страв и побегнаа. Муџахидите зедоа многу добра и плен. И Евреите од Тејма ги опфати страв од таквата судбина на Евреите од Вадил-Кура. За да ги зачуваат своите имоти, пристанаа да плаќаат џизја и беше склучен мир.
„Портата на хајберската тврдина не ја кренав со телесна сила, туку со духовна сила“ Хазрети Алија (радијаллаху анху)
Газата Вадил-Кура
